Учесници во проектот etwinning-Children From Everywhere!-„Деца од секаде“
eTwinning проект ,,Children from everywhere"
проект е за
детството на децата од целиот свет. Во овој проект учествуваат 19 партнери- училишта од следниве земји: Турција, Романија, Литванија, Шпанија, Италија, Грузија, Грција, Украина, Латвија, Тунис и Албанија. Во проектот се вклучив од декември 2014 година. Проектот ќе трае од јануари 2015 год. до мај 2015 година. Постојат 7 чекори кои треба да бидат завршени во определен рок. Во Проектниот тим се вклучени учениците од петто -в одделение под менторство на Бранкица Костадиноска и ученици од шесто до осмо одделение под менторство на Снежана Стефановска. Првиот чекор беше формирање на проектниот тим, вториот чекор беше изработка на постер-лого. Во следните чекори треба да го представиме училиштето, градот и државата преку изработка на видео, презентации. Учениците треба да творат на дадени теми писмени состави, ликовни творби. Учениците ќе имаат можност да воспостават контакти со ученици врсници од партнер училиштата. Да изработат кратко видео за својот
живот , своето хоби и своите соништа. Ние ќе се обидеме да направиме се нашите ученици да научат повеќе за децата од повеќе земји. Ќе им се даде шанса за секое дете да има пријатели од целиот свет .